Фото: Wikimedia Commons
Со оглед на тоа што ефектите од климатските промени стануваат сè позабележливи, сè почестите поплави и подигнувањето на нивото на морето се меѓу проблемите што најмногу ги загрозуваат градовите низ светот. Во последните шест месеци, светот доживеа една од најлошите урагански сезони. Харви, Ирма и Марија колективно предизвикале 260 смртни случаи и околу 300 милијарди оштета.
Американската компанија „Опти“, развива технологија за да им помогне на градовите склони кон поплави, не само да предвидуваат поплави, туку и како да управуваат со премногу дожд. „Опти“ создава технологија која работи со поврзување со веќе постоечки резервоари за задржување. Во градовите склони кон поплави, резервоарите за задржување се создадени за да се прифати вишкот на вода што доаѓа со поплавите. Но во случај на голема бура, резервоарите го пополнуваат капацитетот, а потоа се прелеваат предизвикувајќи катастрофални поплави до блиските реки или други водни тела. Ова преливање често може да ја донесе канализацијата и другите загадувачки материи собрани од водата.
„Опти“ има развиено софтвер кој првично ги следи временските прогнози и предвидува колку вода се очекува да достигне одредена област при врнење. Потоа ги прилагодува постојните нивоа на резервоарите за тие да одговараат. А во текот на невремето, резервоарите за задржување се следени од системот на „Опти“. Ако нивоата достигнат критично високо ниво, софтверот ќе делува и ќе ослободи дел од водата во блиските речни системи на начин што нема да предизвика поплави. Системот може многу да им помогне на градовите за да избегнат катастрофални поплави.
„Опти“ бил тестиран за време на ураганот Ирма. Системот бил инсталиран во пет меѓусебно поврзани езера во Ормонд Бич, Флорида, една од областите погодени од ураганот. Врз овие езера била извршена дренажа од „Опти“ како што бурата се приближувала. Извршниот директор на „Опти“ изјави дека нема локализирани поплави во областа затоа што системот функционирал доста ефикасно.
Стартап компанијата веќе доби 11 милиони долари. Џеф Посејк, извршен директор на „МишнПоинт Партнерс“, најголемиот инвеститор на „
Опти“ го опишал нивниот мотив за инвестиција. „Се чувствуваме како да има потенцијал за позитивно влијание врз издржливоста и загадувањето поврзано со бурите“.