X
 27.03.2022 Живот

Градови во кои ќе уживате во будењето на природата

Пролетта за многумина е најубавото годишно време, а на кои места би вредело да поминете неколку убави пролетни денови, дознајте во продолжение.

Амстердам, Холандија

amsterdam
Фото: Instagram

Главниот град на Холандија е најдобро да се посети во пролет. Тогаш градот се буди од зимата, дрвјата се будат, лалињата се насекаде околу вас, а парковите и терасите на кафулињата се полни со луѓе кои сакаат да ги фатат сончевите зраци. Исто така, Денот на кралот се слави напролет.

Екстремадура, Шпанија

2
Фото: Instagram

Овој град се наоѓа на југозападниот дел на Шпанија, практично на границата со Португалија. Поради својата клима, тоа е идеална дестинација за посета во текот на целата година, но дури со доаѓањето на пролетта настанува вистинска експлозија на бои. Исто така, во пролет има голем број различни фестивали, а туристите можат да уживаат во најспектакуларното набљудување на птици.

Јошино, Јапонија

prolet
Фото: Freepik

Пролетта во Јапонија има различно значење за различни луѓе. Планината Јошино, која се наоѓа во префектурата Нара, е позната по спектакуларното набљудување на цветовите на црешата. Илјадници цреши ја покриваат планината, создавајќи глетка што го одзема здивот. Цветовите на црешите најавуваат приближување на подобро и поубаво време, па Нара напролет е преплавена од туристи.

Бодрум, Турција

bodrum
Фото: Instagram

Иако многумина се колнат дека Бодрум е најдоброто место за посета во лето, тој навистина блеска напролет. Температурата е редовно плус 20, а помалиот метеж многу го олеснува истражувањето на градот. Напролет овде цветаат смокви, калинки, кајсии, бадеми и други растенија, а и лалиња.

Халербос, Белгија

belgija
Фото: Instagram

По градовите, време е да одите директно во природа. Халербос е букова шума која секоја пролет се претвора во вистински мал рај. Туристите сакаат да ја посетуваат оваа шума и само кога сонцето ќе падне ниско и ќе почне да се пробива низ гранките, многумина велат дека е хипнотизирачка.

Тичино, Швајцарија

svajcarija
Фото: Instagram

Совршеното време за одење во Швајцарија е дефинитивно пролетта. Снегот се топи, зимата е минато, а овој кантон, од чие име можете да заклучите дека во него се зборува италијански, нуди цветање во полн сјај. Температурите се умерени, а деновите долги, па можете да уживате во гребените, ридовите, планините и прекрасните ресторани.

Вашингтон, САД

sad
Фото: Instagram

Во американската престолнина, најпозната по Белата куќа, засадени се речиси три илјади цреши. Јасно ви е дека кога ќе почнат да цветаат напролет, можете да уживате во магичните сцени. Воедно, тоа е причина за прославата, па жителите три недели уживаат во Националниот фестивал на цутот на црешата.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот