Венера долу и Јупитер горе, над Северна Каролина во 2015 година/Фото: Chuck Burton
Постои ретка шанса да ги видите двете наши соседни планети заедно на ноќното небо без потреба од телескоп или двоглед.
Но ќе треба да си ги наместите вашите аларми затоа што овој феномен ќе се случува во раните утрински часови. Тогаш, Јупитер и Венера ќе бидат видливи со голо око веднаш над хоризонтот кон југоисточниот дел, овој понеделник (13 ноември).
Двете планети ќе бидат на само 16 аголни минути оддалечени и ќе бидат светли - секако, доколку нема облаци. Најдобриот период за набљудување на двете планети ќе биде околу 40 минути пред изгрејсонце во понеделник наутро.
„Доколку успеете да ги „фатите“
Јупитер и Венера, планетите ќе бидат на само 6° над југоисточниот хоризонт“, објаснува Аде Ашфорд од „Астрономи Нау“.