Дваесетгодишниот Џон Колисон е најмладиот милијардер. Тој и неговиот постар брат Патрик ја основаа софтверската компанија „Страјп“ во Сан Франциско. Компанијата овозможува онлајн-плаќање, па со самото тоа и Патрик се најде на списокот со најбогати милијардери.
Двајцата браќа потекнуваат од мало рурално место во Ирска. Нивната компанија денес вреди 9 милијарди долари. И покрај големиот успех и богатство, нивното последно интервју е доказ дека останале приземни.
На прашањето како гледаат на богатството на толку млади години, Џон вели:
„Луѓето често н
è прашуваат и чувствувам дека сакаат да добијат некој интересен одговор, но таков одговор немам. Често прашуваат како се промени нашиот живот, очекувајќи да имам некое ново хоби, како учество во трки со јахта или нешто слично“, вели тој.
За нив, богатството не е нешто ново. И двајцата својот прв милион го заработиле додека с
è уште биле на факултет благодарение на друга стартап-компанија. Џон се запишал на „Харвард“, додека Патрик се запишал на Технолошкиот институт во Масачусетс, но во 2011 година и двајцата одлучиле да ги напуштат факултетите за да се посветат на усовршување на нивните вештини и на создавање на „Страјп“.
„Веројатно се прашувате што е тешко во почнувањето онлајн-бизнис. Креирањето производ што луѓето ќе сакаат да го купат и информирањето за тоа е нешто со кое може да се излезе на крај, но добивањето пари од луѓето преку интернет е екстремно тешко. Се сеќавам дека му реков на Патрик: ’Колку може да биде тешко? Можеби треба да се обидеме‘“.
Постојат многу компании што сакаат да им помогнат на други фирми што се занимаваат со онлајн-плаќање, но „Страјп“ е единствен модел со едноставен код.
Во Велика Британија се добива 1,4 отсто од секоја трансакција плус 20 фунти, а фирмите можат да ја користат без тоа да им биде сложено.
„С
è додека расте популарноста на интернетот, ќе расте и нашата
компанија. Не знам за вас, но мислам дека тоа е сигурна работа на која човек вреди да се обложи“.