Во пресрет на претстојните новогодишни празници, Македонски Телеком го збогати Magenta 1 и Smart портфолиото со нови содржини и поволности, во коишто ќе можат да уживаат сите членови на семејството.
Со новата Magenta 1, којашто ги обединува најдобрите комуникациски и ТВ услуги, корисниците отсега промотивно добиваат уште повеќе мобилен интернет за неограничено споделување на празнични моменти со своите најблиски. Интернетот што нема да се потроши, може да се сочува и да се искористи следниот месец. Новиот Magenta 1 M тарифен модел, на корисниците им нуди неверојатен бонус од 6.000 денари за купување на нов телевизор или смартфон, како и 15 GB мобилен интернет за целосно празнично уживање и споделување. Предвидени се подароци и изненадувања за сите нови Magenta 1 корисници, за што поголемо уживање на целото семејството. Едноставно, со Magenta 1 пакетот корисниците добиваат сè што им треба на едно место и во една сметка со попуст од 25 отсто засекогаш.
Македонски Телеком креираше новогодишни поволности и за корисниците на Smart тарифите. Овие празници и корисниците на новиот тарифен модел Smart M промотивно добиваат бонус од 3.000 денари за купување на идеалниот смартфон, како и 15 GB мобилен интернет за целосно празнично уживање и споделување. Дополнително, сите корисници на Smart тарифите, интернетот што нема да го потрошат, можат да го префрлат за следниот месец.
Најновата празнична понуда на Македонски Телеком е најдобриот подарок за целото семејство. Корисниците можат да се опуштат и да уживаат во претстојниот период споделувајќи безброј празнични мигови за паметење. Токму тоа е мисијата на Македонски Телеком, постојано да се грижи за корисниците, да креира најдобри комуникациски решенија кој ги задоволува потребите и вкусовите на секој член на модерното семејство, креирајќи врвно корисничко искуство.
Повеќе информации за новите празнични понуди, корисниците можат да најдат на веб страницата www.telekom.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.