Андреас Елснер, главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски телеком, заминува од компанијата од 1 јули 2018 година.
На позицијата главен извршен директор на Македонски телеком беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тримесечје од 2018 година, со раст од 2,6% во однос на минатата година и водечки позициониран бренд.
Информација за неговите идни професионални предизвици ќе следува наскоро.
Господин Елснер дојде во Македонија во 2014 година како одговорен на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а набрзо потоа, во 2015 година станува главен оперативен директор за приватни корисници со клучна улога во развојот и спроведувањето на стратегијата за конвергентни решенија и услуги, која беше вистински предизвик на пазарот. Денес, секое десетто семејство во Македонија ги користи предностите на Magenta 1, пакет конвергентни услуги од Македонски телеком. Една од неговите цврсти определби е компанијата да го предводи патот на дигитализацијата на македонското општество, преку конкретни проекти како што е создавањето на првиот Инкубатор за дигитални таленти. Посветено работеше на создавање „паметни“ решенија за подобри еколошки услови во градовите.
Стратешките проекти предводени од Андреас Елснер ќе овозможат долгорочна одржливост во работењето на компанијата. Како резултат на овие достигнувања, Македонски телеком ќе може да се справи со идните предизвици, да го предводи патот на дигитализацијата на општеството и да ја задржи позицијата на најдобар оператор на конвергентни услуги.