X
 15.06.2017 Технологија

Жарко Луковски не е повеќе генерален директор на Македонски Телеком

Македонски телеком АД Скопје има нов генерален оперативен директор. Досегашниот директор Жарко Луковски е сменет од таа функција, а на негово место е поставен Назим Буши. Информацијата за промената во менаџерската структура на Македонски телеком е објавена на Македонската берза, каде пишува дека одлуката на одборот на директори на Македонски телеком за смена на Луковски е донесена вчера и таа веднаш стапува во сила.



Буши ќе биде вд генерален оперативен директор на Македонски телеком во следните три месеци, односно до 30 септември. По тој период најверојатно ќе се распише оглас за избор на нов генерален оперативен директор. Луковски на оваа позиција беше назначен во јули 2015 година. Претходно извршуваше високи функции во истата компанија, а беше и главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија