Фото: Thinkstock
Со собирање и анализа на информации од многубројни научни списанија, но и од различни организации што се занимаваат со собирање податоци и архивистика, е создадена оваа листа со најстари познати работи на светот. Во овој случај терминот „најстар“ не се однесува на работи што први настанале, туку на оние што најдолго се одржале и кои постојат и денес, во некаква форма. Ова се седумте најстари работи на таа листа:
1. Дрво
Четинестиот бор откриен на Белите Планини во Калифорнија е најстарото дрво на планетата. Се проценува дека е стар 5.067 години.
2. Фотографија
„Поглед од прозорецот во Ле Грас“ од Жозеф Нисефор Ниепс е фотографија која е снимена во 1826 или 1827 година. Тоа е најстарата зачувана фотографија, со оглед на тоа дека Ниепс ја испуштил шансата за уште постар рекорд. Имено, тој ја уништил првата фотографија што ја снимил во 1822 година, кога се обидел да ја ископира.
3. Ресторан
Ресторанот „Стифскелер“ бил отворен во австрискиот град Салцбург во дамнешната 803 година. И ден-денес се наоѓа на истото место, во рамките на бенедиктанскиот манастир на опатијата „Свети Петар“.
4. Бродолом
Откривањето на најстарите бродски остатоци е од релативно понов датум. Ги откриле археолозите од Универзитетот во Анкара во 2014 година во турското пристаниште Урла. Пронајдените остатоци од брод на таа локација се стари околу 4.000 години, и многу се постари од самото пристаниште, кое е изградено во 7 век пред нашата ера.
5. Храна
За еден предмет за кој се сметаше дека е парче јаглен, откриен во Оксфордшир во Англија, подоцна е установено дека всушност е парче леб старо околу 5.500 години, кое потекнува од ерата на неолитот.
6. Мумија
Не, не е египетска. Мумијата Чинхоро, пронајдена во Чиле, потекнува од периодот околу 5.050 година пред нашата ера. Луѓето од племето Чинхоро живееле во пустината Атакама и имале обичај да ги мумифицираат своите починати блиски лица. Мумиите, кои успеале да останат сочувани седум милениуми, последните години почнале да се претвораат во „црна желатинска маса“.
7. Музички инструмент
Со постапката за одредување на
староста, со методата на радиоактивен јаглерод, било утврдено дека флаутите изработени од коска, пронајдени во пештерата Холе Фелс во Германија, настанале околу 41.000 години пред нашата ера. Коските од кои биле изработени овие древни музички инструменти биле од мамут.