X
 12.12.2017 Технологија

Технолошки чуда што би можеле да го променат светот

1
Фото: Wikimedia Commons

Иднината е многу поблиску отколку што мислите.

Кои нови технологии ќе ги видиме за една година? Кои за две? Ви пренесуваме пет големи откритија што, со малку среќа, ќе ни го подобрат светот.

1. Пристигнува глобалниот безжичен интернет

2

Над 50 отсто од руралните подрачја во Европа, Африка и во Азија и понатаму немаат квалитетен и брз интернет. Ако некогаш сте мечтаеле за тоа цел свет да има бесконечен безжичен интернет, имаме одлична вест. Грег Вајлер, основач на „УанВеб“, планира да го направи токму ова во период од десет години.

2. Во изработка е вакцина против сида

3
Фото: Wikimedia Commons

Светот го очекува тоа со децении. Научните достигнувања ќе овозможат надеж за создавање вакцина против сида. Научниците од Националниот институт за здравје успеале да создадат антитело што го напаѓа ХИВ од три вектори и тие развиваат вакцина што ќе ја уништи оваа опасна зараза. Ако работите одат како што треба, до крајот на наредната година вакцината ќе биде тестирана кај луѓе заболени од сида.

3. „Гугл“ развива паметни контактни леќи

технологија
Фото: Wikimedia Commons


Се чини дека „Гугл“ не гледа граници во светот на технологијата и во животот ни донесува работи за кои сме сонувале со години. Во соработка со фармацевтската компанија „Новартис“, „Гугл“ веќе три години развива прототип за паметни контактни леќи. Леќите ќе можат да се користат за следење на нивото на гликоза, анализирајќи ги солзите.

4. Наредната година Кина планира да слета на темната страна на Месечината

Кина во 2016 година официјално почна со подготовка на нова мисија за истражување на Месечината. Кинезите планираат да го испратат леталото „Чанге-4“ на мрачната страна на Месечината. Колку за потсетување, ова мистериозно подрачје никогаш не било истражувано од луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија