X
 19.03.2017 Наука

Зошто нема змии во Ирска?

Легендата вели дека Св.Патрик ја искористил целата негова верба за да ги избрка змиите од Ирска, во морето. Секако, интересна приказна, меѓутоа не постојат шанси да е вистинита.

Никогаш не ни имало змии во Ирска, делумно поради истата причина поради која нема змии на Хаваите, во Исланд, Нов Зеланд, Гренланд и Антарктикот: бидејќи Емералд е остров.

Многу одамна, Ирска била поврзана со поголема територија - во текот на леденото доба кога земјата била толку студена што не се појавувале ладнокрвни влечуги. Како што леденото доба завршила пред околу 10.000 години, глечерите се стопиле, со што уште постудена вода се појавила во сега непроодниот простор меѓу Ирска и нејзините соседи.


Фото извор: Eightofnine via Wikimedia Commons // Public Domain

Другите животни како дивите свињи, рисот и кафеавите мечки успеале да преминат преку, како и еден единствен рептил: гуштерот. Змиите пак, ја пропуштиле својата шанса.

Затоа оваа земја, го претворила недостатокот на змии во статусен симбол.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука