X
 14.12.2017 Живот

Српски студент ги открива предрасудите поврзани со Северна Кореја

кореја
Фото: Printscreen/Youtube

Дваесет и петгодишниот Алекса Вуловиќ од Белград, кој живее во Австралија, снимил документарен филм за Северна Кореја, каде што си поминал одлично.

Тој неодамна ја посетил најзатворената земја во светот, за која постојат многу заблуди, па сакал на Австралијците, кои ги гледаат работите од американска перспектива, да им ги отвори очите токму со својот филм.

Документарецот на Алекса наречен „Стрижење“ дава малку поинаква слика за Северна Кореја. Неговата цел била да ги разоткрие сите предрасуди поврзани со оваа земја. Инспирација му била неговата родна земја Србија, бидејќи и таа со децении трпела многу глобални неправди.

„Во Австралија веќе подолго време владеат предрасуди за Северна Кореја. Освен тоа, овдешните австралиски медиуми се тркаат кој подобро ќе го исмејува претседателот Ким Јонг-ун, и со тоа всушност се покриваат домашните проблеми, а често и вистината.

Информацијата дека во Северна Кореја со закон е пропишано сите да имаат фризура како нивниот претседател ги преплавила сите австралиски медиуми. За да дознае дали станува збор за шпекулација или вистина, тој со пријателот отишол на стрижење додека престојувал во Северна Кореја.

„Повеќе не можев да ги слушам сите лаги и измислици што ги пласираа австралиските медиуми. Имав потреба да одговорам на некои прашања, токму како што направија моите родители за време на бомбардирањето на Србија, пред 18 години. Тогаш имав седум години и се сеќавам на сите невистини поврзани со Србите и сè што се случи во оваа земја, пласирани од Западот. Во Србија живееја мојата баба и многу мои роднини, а јас секојдневно слушав дека тоа е земја на дивјаци и криминалци“, раскажува Алекс.

Алекса често патува низ светот, без никаква организација, ги менува превозните средства, пешачи и открива различни култури. Но признава дека патувањето во Северна Кореја било сосема различно искуство.

„Мора да ги следите водичите. Не беше толку слободно колку што се имав навикнато. Официјално, станува збор за најизолираната и најмистериозната земја во светот, со која владеат култни водачи, членови на династијата Јонг. Таму поминав седум дена и без оглед на сите приказни, одлично си поминав“, вели Алекса.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот