Видливо ослабениот Ким Јонг-ун предизвика загриженост кај луѓето низ цела Северна Кореја, изјави жител на Пјонгјанг за строго контролираната државна телевизија на земјата, пренесува „Ројтерс“.
- Глетката од нашиот почитуван генерален секретар, Ким Јонг-ун како изгледа изнемоштено, скрши толку многу срца на Севернокорејците - рече човекот во интервјуто за Корејската централна телевизија.
- Сите велат дека прилично плачеле - додава тој.
Човекот бил меѓу група на жители кои гледале на екраните поставени на улица, како Ким и неговите партиски функционери се на концерт на кој има пропагандни песни за режимот.
Пренесените коментари се ретко признание за здравствената состојба на Ким од страна на севернокорејските државни медиуми.
Минатиот април се ширеа шпекулации за тоа дека Ким е во голема опасност по неговата операција или дека е мртов или во кома, но автократскиот лидер се појави во јавноста на почетокот на оваа година, иако послаб.
Подоцна, Ким исчезна од очите на јавноста цел еден месец, за повторно да се појави на почетокот на јуни. Токму тогаш странските аналитичари и стручните набљудувачи на Северна Кореја забелжеаа дека диктаторот изгубил значително килограми.
Ким, за кој се верува дека ќе полни 37 години оваа година, е висок 1 метар и 70 сантиметри во ноември тежел околу 136 килограми, според јужнокорејската национална разузнавачка агенција.
Експертите го следат здравјето и физичкиот изглед на Ким за да откријат некои индиции за режимот на Северна Кореја.
- На површина, значителното губење на килограми можеби не значи многу, но може да обезбеди индиции за други информации што ги бараат разузнавачите - вели Мајкл Бродка, американски воен разузнавач во Јужна Кореја.
- Можеби станува збор за едноставна промена на здрав начин на живот или можеби за покомплексно прашање. Во моментов не знаеме, но тоа покренува доволно сериозни прашања што индицираат дека мора да обрнеме внимание на настаните во наредните неколку месеци - додава Бродка.
На почетокот на овој месец, Ким на пленарна седница за владејачката Работничка партија на Северна Кореја рече дека земјата доживува криза со храна и дека ситуацијата е прилично напната.
Извор:
Business Insider
Фото: Screenshot/Nknews