Драмата на шведскиот режисер Рубен Остлунд „
Квадрат“.
Кристијан е почитуван куратор во музеј на современа уметност, разведен, но посветен татко на две деца, кој вози електричен автомобил и поддржува добротворни цели. Негова следна изложба е „Квадратот“, инсталација што ги повикува минувачите на алтруизам, потсетувајќи ги на нивната одлука како одговорни луѓе и сограѓани. Но понекогаш е тешко да ги исполните сопствените идеали: будалестиот одговор на Кристијан во врска со кражбата на неговиот мобилен телефон го вовлекува во срамни ситуации. Во меѓувреме, Агенцијата за односи со јавноста на музејот создава неочекувана кампања за „Квадратот“. Реакцијата е скандалозна и го става Кристијан, а и музејот, во егзистенцијална криза.
Филмот
„Мадам“ не носи во животот на Боб и Ана.
За да додадат малку зачин на заостанатиот брак, Ана и Боб, богат и добро поврзан американски пар, се преселуваат во стара куќа во романтичниот Париз. Додека подготвува луксузна вечера за модерните меѓународни пријатели, нашата домаќинка открива дека има 13 гости. Фаќајќи ја паника, Ана инсистира нејзината лојална слугинка Марија да се маскира како мистериозна шпанска благородна жена со цел да ги израмни броевите. Но, виното и забавниот разговор ја наведуваат Марија случајно да се заљуби во британскиот уметнички брокер. Оваа романса ќе ја натера Ана да ја брка својата слугинка околу Париз и да ја уништи оваа неочекувана и радосна љубовна врска.
Овен Вилсон и Ед Хелмс ни ја носат комедијата
„Се бара стариот“.
Откако ќе дознаат дека нивната мајка ги лажела со години за нивниот вистинки татко, двајца браќа-близнаци тргнуваат на пат за да го пронајдат вистинскиот татко.
Од режисерот Карлос Сандан, кој ни ги донесе омилените светски хитови “Рио” и “Ледено доба”, доаѓа
„Фердинанд“, филм за големиот бик со уште поголемо срце.
Откако луѓето погрешно го доживуваат како еден развратен ѕвер, Фердинанд го заробуваат и го одведуваат од дома. Одлучен да се врати кон својата фамилија, тој собира тим на крајни спротивности и тргнува на неверојатна авантура. Приказната за Фердинанд докажува дека предрасудите не смеат да постојат и дека не треба да судиме некој бик по неговиот изглед. Гласот на главниот јунак Фердинанд го позајмува актерот Џон Син, а покрај него тука се и Кејт Мек Кинон, Џина Родригес и Ентони Андерсон.
КИНО ПРОГРАМА (21.12.2017-27.12.2017)
Војна на звездите: Последниот Џедај 3Д
Секој ден: 15:15, 16:45, 18:00, 19:30, 20:45, 22:15
Викенд:
13:45, 15:15, 16:45, 18:00, 19:30, 20:45, 22:15
Војна на звездите: Последниот Џедај 2Д
Секој ден: 16:00, 17:15, 18:45, 20:00, 21:30
Викенд: 12:15, 16:00, 17:15, 18:45, 20:00, 21:30
Лига на правдата 3Д
Секој ден: 15:00
Тато се врати 2Д
Секој ден: 19:15, 21:15
Убиство во Ориент Експрес
Секој ден: 21:00
Исцелител 2Д
Секој ден: 19:45, 23:00
Квадрат Дигитал 2Д
Секој ден: 21:45
Мадам Дигитал 2Д
Секој ден: 18:30, 20:30, 22:30
Се бара стариот Дигитал 2Д
Секој ден: 18:10, 20:20, 22:45
ДЕТСКИ ФИЛМОВИ
Мечето Падингтон 2Д
Секој ден: 16:30
Викенд: 11:20, 16:30
Коко и големата тајна 3Д
Секој ден: 15:30
Викенд: 12:45, 15:30
Коко и големата тајна 2Д
Секој ден: 16.15
Недела: 11:20, 14:30, 16:12
Фердинанд 3Д
Секој ден: 15:00, 17:00, 19:00
Викенд: 11:40, 12:00, 13:40, 14:00, 15:45, 17:45
Фердинанд 2Д
Секој ден: 15:45, 17:45
Викенд: 11:40, 12:30, 13:20, 14:30, 15:45, 17:45