X
 10.01.2016 Култура

Разговорот на најугледните режисери на денешницата

Доколку сте фан на филмовите, јануари е еден од најдобрите месеци во годината за вас. Поголемиот дел од американските филмски студија ги планираат премиерите на главните кандидати за Оскар токму во овој месец.


Магазинот „The Hollywood reporter“ со овој мотив ги собрал најугледните режисери на денешницата и ги седнал на кружна маса кадешто тие учествувале во разговор повеќе од еден час. На оваа маса се нашле Дени Бојл, Том Хупер, Дејвид О. Расел, Алехандро Г. Инариту, Ридли Скот и Квентин Тарантино. Што се разговарало на масата?

Врска меѓу Ридли Скот и Стенли Кјубрик

„Завршив со снимањето на ,Blade runner' и мислев дека филмот изгледа катастрофално. До тогаш веќе неколку пати го контактирав Стенли, па одлучив да го побарам да ми помогне. Знаев дека поминал 4 и пол месеци снимајќи сцени со хеликоптери и дека има многу неискористен материјал, па го замолив да ми отстапи дел. Следниот ден добив 17 часа снимени сцени, така што крајот на филмот, всушност, е на Кјубрик“, кажал Ридли Скот.

Тарантино ги потврдил плановите за иднина

„Дефинитивно сакам за престанам во некој момент, по 10-от филм. Сакам да пишувам романи и да се посветам на театарските претстави. Планирам да направам театарска адаптација на ,Hateful eight' бидејќи ми се допаѓа идејата некои други актери да ги играат моите улоги“, открил Тарантино.

Инариту имал проблеми со коњите

„Се сеќавам дека Клинт Иствуд лани зачудено ме праша зошто снимам филм со коњи бидејќи нему му понудиле слична работа и тој ја одбил. Беше полн со сожалување за мене. Подоцна сфатив и зошто - до тој момент никогаш не снимав коњи и немав поим колку тоа е тешко. На крајот имав и кошмари бидејќи не знаев како да ги снимам добро“, рекол тој.

Дени Бојл ја открил омилената сцена

„Снимивме една сцена за ,28 дена подоцна' која на крајот не ја искористивме. Во неа ликовите се возат со таксиња низ постапокалиптична Британија полна со зомбиња и пеат песна од Вајт Страјпс. Жал ми е што таа сцена не заврши во филмов, а од неа би се развил добар мјузикл“, раскажал Бојл.

Скот ја гледал „Свадбата на Муриел“ 6 пати

На прашањето кој филм би го ставил во временска капсула за да се зачува, Скот неочекувано открил дека тоа би го направил со „Свадбата на Муриел“. „Го погледнав 6 пати, фантастичен е“, рекол тој.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура