X
 01.06.2018 Култура

Филмови што треба да ги погледнете овој месец

Од „Неверојатните“ до „Јура свет“, овие наслови овој месец вредат посета во кино.

„Сикарио: Денот на Солдадо“




Трилерот од 2015 година на Денис Вилнев потврди дека тој го владее буквално секој жанр. За жал, Вилнев не е режисер на продолжението, а не се враќа ниту Емили Блант. Но тоа не значи дека продолжението нема да биде интересно. Бенисио дел Торо се враќа како американски оперативец кој ја киднапира ќерката на мексикански дилер на дрога.

„Неверојатни 2“




Филмот е еден од најомилените во продукција на „Пиксар“. Овој пат семејството Пар, во кое секој член има одредена моќ, се враќа во акција за да ги уништи негативците.

„Јура свет: Паднатото кралство“




На луѓето никогаш не им се смачува од диносауруси, или барем така се чини. „Јура свет“, четвртиот дел од сагата за рептилите, се наоѓа меѓу петте филма што најмногу заработиле во историјата на киното. На екранот ќе ги гледаме Крис Прат и Брајс Далас Хауард, овој пат со здружени сили спасуваат диносауруси од вулканска ерупција.

„Суперфлај“



Криминалната драма од 1972 година беше еден од клучните филмови за инаугурација на жанрот во кој се експлоатирале црните луѓе. Филмот е римејк, меѓутоа, се чини дека е вреден за гледање.

„Дете како Џејк“




Филмовите за тешкотиите на родителството не се ништо ново. Овој филм ја истражува темата што досега не е доволно претставена: небинарна трансродова личност. Филмот е базиран на сценариото на Даниел Перл од 2013 година. Џејк е момче што повеќе ги сака Дизни-принцезите отколку суперхероите и не се идентификува со она што традиционално се смета за мажествено.

„Осумтемина на Оушн“



Ен Хатевеј глуми девојка што планира да носи 150 милиони долари вреден накит на Мет гала. Ова ја инспирира екипата на женски крадци предводени од Деби Оушн (Сандра Булок), сестра на Дени Оушн (Џорџ Клуни во претходните филмови за Оушн) да ѝ ги украде. Во филмот глумат Кејт Бланшет, Минди Калинг, Ријана, Авквафина и Сара Полсон.

„Не оставај трага“




Режисерот Дебра Граник во филмот ја претставува приказната за таткото и ќерката што живеат во шумите во Орегон. Таткото (Бен Фостер) сака неговата ќерка (Томасин Мекензи) да порасне подалеку од корумпираното влијание на современото општество, но се соочува со предизвици.

„Среќниот принц“



Последните години од животот на Оскар Вајлд биле трагични. Во период кога хомосексуалноста била сериозен криминал во Велика Британија, тој бил осуден на две години затвор, по што ја напуштил земјата и заминал во Франција, каде што неговиот живот завршил во сиромаштија. Руперт Еверт го игра Вајлд.

„Меквин“



Филмот го следи животот на модната легенда Александер Меквин, кој си го одзеде животот во 2010 година, меѓутоа, неговото влијание останува насекаде.

„Макија: Кога ветеното цвеќе цути“



Мари Окада е еден од најплодните сценаристи за анимирани ТВ-продукции во Јапонија, меѓутоа, таа е непозната на друго место. Тоа може да го промени нејзиниот деби-филм, „Макија: Кога ветеното цвеќе цути“. Филмот раскажува силно феминистичка приказна за една млада девојка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура