31 октомври е денот кога Американците ја слават Ноќта на вештерките, а тоа значи само едно нешто: време за нова листа на хорор филмови токму за оваа ноќ. Предлози за овогодинешната листа нуди Марк Хјуџес од Форбс магазинот.
Хјуџес на листата избрал филмови кои се исклучиво хорор, иако паднал во искушение да ги стави филмовите како I saw the devil, Kill list, Stoker, Prometheus и Under the skin, меѓутоа сепак се одлучил листата да ја сочинуваат исклучиво хорор филмови.
Според него, ова се најдобрите хорор филмови за изминативе 5 години.
10. Let me in - Сличен на првата адаптација од истиот роман, меѓутоа воопшто не е важно бидејќи конечниот резултат е одличен. Прекрасната визуелна палета и убедливото движење на камерата дава поспан, понекогаш кошмарен впечаток кога се комбинираат со одлична актерска екипа и тишината меѓу зборовите. Филмот направи 24 милиони во кината, а имаше буџет од 20 милиони долари.
9. The woman in black - Бујна готска приказна за една прогонета куќа во најдобра класична традиција. Мал број на хорор филмови го нудат ова ниво на посветеност, страв и напнатост. Филмот потроши буџет од 15 милиони долари, а заработи 127 милиони долари во боксофисот.
8. Troll hunter - Сатиричен без да биде комедија, полн со неверојатн визуелни ефекти, и покрај малиот буџет. Ова е одличен филм кој нуди доволно морничавост и масакр за да се квалификува за „хорор“ и да добие свое место на оваа листа. Успеа да собере 5 милиони, а имаше буџет од 3.5 милиони долари.
7. The cabin in the woods - Овој филм вклучува елементи од сите можни хорор филмови коишто се направени. Истовремено е смешен, крвав и забавен меѓутоа пред се`, доста оригинален. Филмот заработи 66 милиони долари, дупло повеќе од својот буџет од 33 милиони долари.
6. Oculus - Комплексен окултен терор кој ѓаволски си поигрува со паралелни приказни за минатото и сегашноста. Постојано ги принудува гледачите да се сомневаат во нивните очекувања и сознанија. Филмот имаше 5 милиони долари буџет, а заработи 44 милиони долари.
5. It follows - Без разлика дали го перцепирате како парабола за опасностите од незаштитен секс во ерата на СИДА-та и пандемиите или прогласување на враќање на контролата врз животот и сексуалноста помеѓу сите видови на опасности, ова дефинитивно може да се нарече одлична кинематографија. Со буџет од 2 милиони долари, успеа да заработи приближно 18 милиони долари.
4. A girl walks home alone at night - Сензуални нијанси на црна и сива боја се мешаат со хип западната вампирска романса. Со микро буџет под 500.000 долари, филмот имал ограничено издание меѓутоа за него филмските критичари имаа само пофални зборови.
3. The conjuring - Наводно базирано на вистинска приказна, оваа приказна за старата опседната куќа не само што ќе ве наежи, туку и нема да ве остави да спиете. Со буџет од 20 милиони долари, успеа да стане огромен хит и да заработи над 318 милиони долари ширум светот.
2. Badabook - Со сериозен капацитет да ги вознемири гледачите, не само што се потпира на монструозен терор, туку и психолошки терор од најпознат вид. Некои од највознемирувачките и најзастрашувачките моменти не се од страшни суштества туку од мало момче кое се чини дека го изгубило паметот. Со буџет од помалку од 2 милиони евра, филмот успеал да заработи 7 милиони долари.
1. Sinister - Најзастрашувачкиот, највознемирувачкиот хорор, совршено темпиран филм кој не е само најдобар за изминативе 5 години, туку за изминатава деценија. Со 3 милиони буџет, филмот успеа да заработи на 77 милиони.