X
 26.12.2017 Технологија

Компјутерска безбедност: Најважните моменти за 2017 година


Катанче со шифри врз тастатура од компјутер
(Фото: Pixabay)


Најважните моменти за компјутерската безбедност во 2017

Кога станува збор за компјутерската безбедност, годината што е изминува во најголема мера ја обележаа нападите со ransomware, кои отидоа прилично далеку над својот вообичаен делокруг.

Глобалните уценувачки напади се повик за аларм

WannaCry требаше да ги поттикне компаниите и институциите многу посериозно да ги третираат хакерските напади со уценувачки софтвери. Судејќи според резултатите од истражувањето на компанијата „AlienVault“, тоа не се случило. Само 14 проценти од вработените задолжени за компјутерска безбедност сметаат дека нивните шефови би требало да инвестираат многу повеќе во заштитата од такви напади, додека дури секој петти вработен би можел да преземе некаква активност во тој правец.

Најтешкиот ransomware напад? NotPetya

Иако не се работи за уценувачки софтвер во најдлабока смисла на зборот, NotPetya сепак се најде на врвот на најлошите злонамерни софтвери со кои компаниите и институциите мораа да се справуваат во текот на оваа година, а кој е составен дел од платформата Webroot BrightCloud. Титулата е заслужена затоа што може да ја загрози и структурата на цела држава. На второ место е WannaCry, додека третото место го зазеде класичниот ransomware „Locky“.

Ransomware во последните две години порасна за 2000 проценти

Сајбер-нападите врз компаниите со ransomware минатата година зачестија, и беа пософистицирани и позлонамерни од претходно. Во најголем дел ова се должи на фактот што организираниот криминал сè почесто се служи со овој злонамерен софтвер. Полициите низ светот допрва треба да изнајдат соодветни начини како да се справат со овој проблем.

WannaCry (не) е софтвер

Иако главно функционира како уценувачки софтвер, WannaCry не е типичен претставник на тој сегмент од малверот. Истражувачите во компанијата за компјутерска безбедност „McAfee“ проценуваат дека неговите дисруптивни функции не се случајност, туку се цел. Компаниите и институциите би требало да се подготвени на тоа, пишува „Компјутер уикли“.

Сајбер-криминалот е сериозна закана

Дури и Европол го препозна сајбер-криминалот како сериозна закана. Затоа, европските сили за безбедност и ред инсистираат да зајакне соработката, како меѓусебно така и со индустријата за компјутерска безбедност за да се дефинираат начини за ефикасно спротивставување на растечките закани, особено со ризиците поврзани со интернет.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија