X
 27.06.2019 Технологија

Хакирани глобални телекомуникациски компании, експертите ја обвинуваат Кина

Повеќе од десет компании за мобилни услуги од целиот свет беа погодени од таргетирани хакерски напади, кои можеби откриле лични информации, податоци за повици и други приватни податоци за корисниците.

Нападот, кој бил детектиран и сега е под истрага на компанијата „Сајберизн“, најверојатно почнал во 2012 година и таргетирал најмалку 20 жртви. Иако не се кажува кои компании биле хакирани затоа што истрагата сè уште е во тек, експертите за сајбер-безбедност од компанијата велат дека има високо ниво на сигурност дека нападот бил спонзориран од Кина.

Од „Сајберизн“ утврдиле дека хакерите најверојатно можеле да ја следат физичката локација на телефоните на нивните мети. Тие исто така имале пристап до детални записи од сите нивни повици. Во тие записи се вклучени и детали за тоа кој на кого му ѕвонел и кога зборувaле, иако не е снимено што точно зборувале.

Според Амит Серпер од „Сајберизн“, хакерите таргетирале ранливости на одредени сервери за да добијат пристап до внатрешните мрежи на телекомуникациските компании.

- Веднаш може да видите дека знаат по што одат. Тие користат една машина која јавно била пристапна преку интернет, ги преснимуваат акредитивите од таа машина, ги користат акредитивите украдени од првата машина за да го повторат процесот неколку пати - вели Серпер.

Резултатот бил неограничен пристап до системите на компаниите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија