X
 24.12.2019 Технологија

ФБИ има рецепт за хакерските напади: Ќе им подметне лажни информации

ФБИ смета дека има начин како компаниите да ја ограничат штетата од протекувањето на податоците - да ги намамат крадците да украдат погрешни податоци. Новата програма на ФБИ наречена ИДЛЕ (Illicit Data Loss Exploitation) на компаниите им помага да „засадат“ лажни податоци за да ги збунат натрапниците што сакаат да украдат вредни информации.

Бидејќи станува збор за ФБИ, секако дека нема премногу информации за самата програма, но според оние податоци што се достапни, компаниите на своите сервери би зачувале „мамки“, односно лажни датотеки што би можеле да ги привлечат корпоративните шпиони, криминалци и хакери.

ИДЛЕ не е замислен за целосно да ги заштити компаниите од хакерски напади, туку за да им помогне во подготовката на одбраната од напад и во спроведувањето проактивни стратегии за заштита, наместо реагирање на пропустите откако ќе се случат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија