На денот на планетата Земја, во 500 градови во повеќе од 40 земји низ светот се собраа илјадници научници и граѓани кои учествуваа во „Маршот за науката“, настојувајќи на тој начин да укажат на значењето на образованието и науката во современиот свет.
Фото: N1
Ваков марш се одржа и во Хрватска со цел да предупредат на важноста која го имаат образованието и науката во современата цивилизација.
„Маршот за науката“ се одржа и во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон како и пет други градови во Нов Зеланд. И во Австралија стотици научници во 11 градови излегоа на овој марш. Во Германија марш се одржа во 18 градови: Берлин, Келн, Бон, Дрезден, Минхен, Штутгарт итн.
Маршот настана како реакција на постапките на Доналд Трамп и неговата администрација, која ги доведува во прашање научните факти за глобалното затоплување и ја загрозува слободата и јавното финансирање на науката.
Фото: Reuters