X
 27.02.2015 Наука

Научниците кои ја дешифрирале Енигма ги создале и палиндромите

Научниците од Блечли паркот прикажани во филмот „The imitation game“, деноноќно работеле со цел да ја дешифрираат тајната на нацистичката комуникација за време на Втората светска војна.

 

енигма


Меѓутоа, освен што се обидувале да ги дешифрираат кодовите, тие знаеле и одлично да се забавуваат - нормално преку кодови.

Марк Салвеит, светскиот шампион во палиндроми (зборови, изрази или стихови што имаат иста смисла кога се читаат од лево на десно и обратно, од десно на лево) поминал години истражувајќи ја историјата на палиндромите. Неодамна, тој објавил статија во која тој го открива неговото откритие - познатите палиндроми потекнуваат од конкуренцијата од аналитичарите од Блечли.

Се` започнало со реченицата „Step on no pets“ на математичарот Вајтхед која била одговор на реченицата „Sex at noon taxes“ после многу рунди шестока „борба“ со палиндроми.

Меѓутоа најдобрио палиндром некогаш измислен: „Doc, note: I dissent. A fast never prevents a fatness. I diet on cod“, за прв пат се појавил во 1967 година како победник во натпревар во магазин. Личноста којашто го поднела палиндромот во магазинот признала дека ја слушнал од друга личност, којашто исто така не била писателот на овој палиндром.

Салвеит успеал да ја проследи назад до Питер Хилтон, младиот математичар кој во филмот ги убедува другите да испратат делумни информации на бродот на којшто е неговиот брат.

Логично е човек со талент за откривање на значењето на модели во низа на симболи, да има вештина и за создавање на палиндроми. Впрочем, палиндромот е нишка на знаци кои имаат значење ограничена од специфичен вид на шема. Талентот на Хилтон за визуелизирање, му помогна да го создаде овој палиндром во неговата глава, без ништо да запишува.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука