Двомесечно играње компјутерски игри како „Супер Марио“ може да го подобри квалитетот на мозочната активност и да помогне при превенција на
деменција, тврдат научниците.
Истражувачите откриле дека играњето 3Д-игри или логички игри придонесува за зголемувањето на сивата материја во хипоталамусот, што е од витално значење за учење нови вештини затоа што играчите во текот на играњето користат мемориски процеси.
Исто така, експертите наведуваат дека играњето такви игри може да помогне во развојот на мозокот и кај помладите возрасни лица.
Студијата спроведена на Универзитетот во Монтреал покажа дека младите луѓе што играле „Супер Марио 64“ само два месеца имале поголемо просторно и епизодно помнење во споредба со оние што „тренирале“ на дводимензионални игри.