Одржувањето на хигиената во усната шуплина не е неопходно само поради естетски причини, туку е многу важно и за здравјето. Токму хигиената на усната шуплина е поврзана со здравјето на целото тело.
Забите треба да се четкаат најмалку две минути и тоа со кружни движења за темелно да се исчистат сите површини на забите и просторот меѓу нив. Не треба да заборавите ни на јазикот, кој исто така треба да се четка бидејќи и на него се собираат бактерии.
Во усната шуплина бактериите се хранат со остатоците од храна, а ако не ја одржувате хигиената на усната шуплина, може да дојде до здравствени проблеми, како развивање кариес, но и до гингивит (воспаление на непцата).
По долготрајно избегнување на миењето на забите, гингивитот може да премине во парадентоза, односно повлекување на непцето и во краен случај до паѓање на забите.
Освен тоа, неодржувањето на хигиената во усната шуплина може да предизвика и пад на имунитетот и развивање на срцеви болести, но и деменција.
Едно истражување покажало дека лицата со парадентоза имаат 4,5 пати поголеми шанси за развивање бубрежни болести и кај нив ризикот од развивање деменција е повисок за 65
отсто.