Познатиот водител Џими Кимел спровел анкета и открил дека на Американците не треба да им се поставуваат прашања за книгите.
Тој спровел анкета по повод резултатите на неодамна објавеното истражување според кое 24 отсто од Американците не прочитале ни една книга во последната година.
Уште првото прашање било проблематично, па голем број испитаници останале затечени, вклучувајќи и еден поранешен библиотекар.
- Дали се сметаат магазините? - праша една жена, додека еден постар маж го наведе „Кралот лав“ како книга што ја
прочитал.
Еден испитаник, пак, бил убеден дека ја прочитал книгата „Коњ“ што ја напишал Моби Дик.