Фото: Wikimedia Commons
Концептот на една светска влада одамна е основа за насилни апокалиптични пророштва и теории на заговор во кои се вклучени неколку папи, ОН, ФЕМА, илуминатите и луѓето гуштери.
Во реалниот свет, една светска влада е цел на глобалната Коминтерна и многу други корпоративни олигарси што триумфираа над Советите во Студената војна. Поради добра причина, луѓето се трудат да ја гледаат глобалната влада како заканувачка идеја. Но не било секогаш застапено ова мислење, особено не за Алберт Ајнштајн, кој предложил глобално владеење по паѓањето на атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.
Улогата на Ајнштајн во развојот на овие оружја можеби е минимална, меѓутоа, според самиот физичар, вистината е малку покомплицирана. Подоцна тој изразил жалење, или барем преиспитување во врска со ова прашање во неговите многубројни интервјуа, писма и говори. Во 1952 година Ајнштајн напишал краток есеј што го нарекол: „За моето учество во проектот за атомска бомба“, во кој препорачува сите народи да ја укинат војната со заедничка акција, осврнувајќи се на пацифичкиот пример на Ганди, нарекувајќи го: „Најголемиот политички гениј на нашето време“.
Пет години претходно Ајнштајн можеше да се најде во помалку од надежно расположение. Во отворено писмо од 1947 година упатено до Генералното собрание на ОН тој вели дека уште од победата над Силите на оската не е постигнат значителен напредок ниту во спречување на војна ниту во договор во специфични области како што е контролата на атомската енергија и економската соработка. Според него, решението може да се побара во модификација на традиционалниот концепт за национален суверенитет. Тоа е клаузула што може да отвори илјада милициски манифести.
„Додека атомската енергија и оружјето се сметаат за витален дел од националната безбедност, ниту една нација нема да даде повеќе од усна услуга за меѓународните договори. Безбедноста е неделива. Таа може да се постигне само кога неопходните гаранции на законот ќе бидат насекаде, така што воената безбедност повеќе нема да биде проблем за ниту една држава. Не е возможен компромис помеѓу подготовка за војната од една страна и подготовка на светското општество засновано на закон и ред, од друга страна“.
Досега ова не звучи како една светска влада, туку како една светска полициска држава. Но предлогот на Ајнштајн добива многу посеопфатен третман во претходна статија објавена во 1945 година. Во неа, тој признава дека голем дел од неговите идеи се „апстракции“ и претставуваат шема за заштита од глобалниот тоталитаризам.
„Членството во супернационален безбедносен систем не треба, според мене, да се базира на какви било произволни демократски стандарди. Сите претставници на супернационалната организација, собрание и совет, да бидат избрани од луѓето на секоја земја-членка преку тајно гласање, и ова треба да биде услов. Овие претставници мора да ги претставуваат луѓето, а не која било влада, што би ја зајакнало пацифичката природа на организацијата“.
Најголемата пречка за глобална влада, според Ајнштајн, не била недовербата на Америка, туку руската неподготвеност. Откако ги вложил сите напори да ги поттикне Русите да се приклучат, другите нации требало да се здружат за да формираат делумна светска влада, составена од најмалку две третини од главните индустриски и економски области во светот. „Ова тело уште од почетокот треба да стави јасно до знаење дека неговите врати остануваат широко отворени за секој што не е член“, пишува Ајнштајн.
Ајнштајн кореспонидрал со многу луѓе во врска со прашањето за една светска влада, препорачувајќи во едно писмо дека треба да се формира еден постојан светски суд кој ќе ја ограничи извршната гранка на светската влада од пречекорување на нејзиниот мандат, што на почетокот треба да биде ограничен на спречување војни и развојни предизвици во војувањето. Меѓутоа, тој не го предвидува проблемот на извршен директор кој би ја зграпчил власта преку злобни средства и ги игнорира институционалните проверки на моќ и привилегија. Што се однесува до најзначајното прашање на
економијата, тој пишува дека слободата на секоја земја да развие економски, политички и културни институции по сопствен избор мора да се гарантира уште на почеток.