X
 17.04.2017 Култура

Кои нации се најголеми љубители на кафето?

Велика Британија е позната по љубовта кон топлите пијалоци, но која е земјата во која се пие најмногу кафе?


Фото: Freepik

Оваа мапа покажува во која земја колку кафе се пие по жител. Според Интернационалната организација за кафе, Финците се наоѓаат на врвот на листата со 12 килограми по лице годишно.

Можеби станува збор за студениот скандинавски воздух и кратките денови што прават Финците да консумираат толку кафе. Норвешка, Исланд, Данска и Шведска се исто така големи консументи.

Во Велика Британија оваа количина изнесува 2,8 килограми годишно – или една шолја дневно и државата е рангирана на 46 место во светот. Во Македонија се консумираат 4,2 килограми по жител годишно.

Еве ја листата на 20 земји кои се најголеми консументи на кафе на годишно ниво:

1. Финска – 12 кг
2. Норвешка – 9,9 кг
3. Исланд – 9 кг
4. Данска – 8,7 кг
5. Холандија – 8,4 кг
6. Шведска – 8,2 кг
7. Швајцарија – 7,9 кг
8. Белгија – 6,8 кг
9. Луксембург – 6,5 кг
10. Канада – 6,2 кг
11. Босна и Херцеговина – 6,1 кг
12. Австрија – 5,9 кг
13. Италија – 5,8 кг
14. Словенија 5,8 кг
15. Бразил – 5,5 кг
16. Германија – 5,5 кг
17. Грција – 5,4 кг
18. Франција – 5,1 кг
19. Хрватска – 4,9 кг
20. Кипар – 4,8 кг
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура