X
 24.07.2023 Забава

Мапа покажува кој филм е попопуларен во Европа: „Барби“ или „Опенхајмер“

На „Редит“ неодамна беше споделена интересна мапа на Европа која прикажува резултати од пребарување на „Гугл“ поврзани со филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“. Премиерите на овие два филма беа закажани за ист ден во голем дел од светот и оваа случајност ѝ го привлече вниманието на јавноста.

Корисниците на социјалните мрежи ги споредуваат овие два филма на многу интересни начини. Судејќи според пребарувањата на „Гугл“ на корисниците во Европа, „Барби“ привлекува поголемо внимание од „Опенхајмер“.

Barbie or Oppenheimer: What was more searched in Europe in the last 24 hours (July 20-21)
by u/geographyfacts in MapPorn


Филмот „Барби“ заработи над 22 милиони долари само на претпремиерното прикажување во САД, додека „Опенхајмер“ заработи нешто над 10 милиони долари.

Меѓутоа, жителите на некои земји во Европа повеќе се интересираат за „Опенхајмер“. Овие земји се Германија, Норвешка, Шведска, Финска, Литванија, Холандија, Данска, Белгија, Сан Марино, Лихтенштајн, Турција, Унгарија, Чешка, Полска, Романија, Ирска и Англија.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Reddit

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава