X
 19.05.2016 Живот

Неколку начини да се расоните без кафе

Кафето или кофеинот наутро се потреба за многумина. Меѓутоа, постојат и други научно докажани начини со кои може да се разбудите наутро без да консумирате кафе. Изложеноста на светло го намалува лачењето на мелатонин, со што физиолошки ќе го разбудите телото.

Потоа, студената вода може да ви помогне да се ослободите од умор и да ве разбуди наутро. Затоа, научниицте препорачуваат завршување на туширањето со студена вода. Кога ќе станете, не заборавајте да пиете вода. Дехидратацијата ве прави уморни и поспани. Освен вода, наутро се препорачува и јадење здрав појадок и пиење сок од портокал.

Истражувањата покажале и дека физичката активност ја подобрува работата на мозокот. Конечно, музиката може да активира делови од мозокот, со тоа помагајќи ви да бидете продуктивни бргу по будењето. Освен тоа, музиката предизвикува лачење на допамин, што не` прави среќни.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот