X
 17.04.2018 Живот

Неверојатна понуда: Eдна година бесплатно патувајте низ светот со 2.500 евра плата!

Замислете цела година да можете да патувате низ светот. Плус замислете за тоа некој и да ви плаќа! Ви се чини неверојатно?! И нам ни изгледаше така, но сепак во овој случај неможното стана можно!


Патници во терминал
(Фото: Pixabay)


World Life Experience, организација со седиште во Лисабон, бара 11 лица кои цела 2019 година ќе ја поминат патувајќи низ светот, при што ќе откриваат, ќе се запознаваат и заедно ќе работат со многу локални личности и организации. Она што е важно во оваа приказна е фактот дека сите трошоци ќе бидат покриени, а за патувањето ќе бидете и платени, па единствено што треба е да имате слободно време и да ја пополните пријавата најдоцна до 20 јули оваа година.

Идејата не е нова затоа што оваа година веќе се случува „првото издание“ на ова волшебно патување, кое почна во јануари. Единаесет среќници во овој момент веќе патуваат, а на своето патување ќе поминат 3 континенти и многубројни држави. На патувањето што ќе почне следната година ист број среќници ќе имаат можност да посетат 5 континенти, во секој град  што ќе го посетат ќе се задржат по две недели, а за тоа време ќе работат, ќе учат, но и ќе се забавуваат. Избраните за тоа време ќе добиваат и плата во износ од 2.500 евра!

Условите за пријавување е патниците да не се помлади од 21 и постари од 39 години. Исто така, мора да бидат одговорни, толерантни, комуникативни, проактивни и флексибилни, а покрај сето тоа треба да бидат и подготвени за тимска работа. Сите избрани ќе бидат од различни националности, а своите искуства од патувањата ќе ги споделуваат преку социјалните мрежи. Се бара и високо ниво на познавање на англискиот јазик, а на патување ќе бидат од почетокот на јануари до крајот на ноември.

Дали сте заинтересирани? Доколку вашиот одговор е позитивен, истражете сè што ве интересира на оваа страница, пријавете се, па авантурата може да почне!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот