X
 08.05.2018 Технологија

Мистериозна црна точка може да ја сруши „Вацап“

Ако ја користите апликацијата „Вацап“ за допишување со пријателите, многу е веројатно дека сте добиле порака во која се наведува дека една црна точка е доволна за да се сруши целата апликација.

За што всушност станува збор? Пораката се состои од слики од црна точка и текст кој всушност ги предизвикува примателите да го направат токму тоа - ако притиснете на црната точка, ќе ви се урне апликацијата на вашиот паметен телефон.

И навистина, кога корисникот ќе кликне на црната точка на екранот, апликацијата се блокира. И тоа е тоа. Засега.

Имено, во заднината на црната точка има код кој ја преоптоварува апликацијата и ја „руши“, но без да влијае врз остатокот од оперативниот систем на телефонот.


Фото: Pexels

Но, проблемот е во тоа што пораката брзо се шири меѓу 1,5 милијарда корисници на „Вацап“, делумно како фора, но не се знае од каде тргнала пораката, ниту пак дали постои некој таен мотив за нејзиното испраќање. Таа најпрво се појави во Индија, но со сигурност знаеме дека веќе им е испратена на корисници низ дел од Европа.

Затоа, без разлика колку привлечно ви изгледа да се шегувате со пријателите и да им ја блокирате апликацијата, најдобро би било да не го правите тоа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија