X
 17.04.2022 Живот

Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели, според науката

Повеќето луѓе ги губат пријателите како што стареат и тоа е во ред бидејќи е нормално да се расте и учи. Според едно истражување објавено во 2016 година, паметните луѓе подобро функционираат со помал број пријатели.

Истражувачите Сатоши Каназава и Норман Ли, кои се психолози од Англија, откриле дека луѓето што се исклучително интелигентни впрочем се посреќни кога не се дружат со пријателите.

- Интелигентните личности имаат помало животно задоволство од честото дружење со пријателите - се наведува во трудот.


Фото: Pixabay

Според други експерти, поинтелигентните луѓе веројатно не поминуваат толку време дружејќи се бидејќи се фокусирани на други долгорочни цели. Како што се наведува во истражувањето, мозокот на нашите предци бил совршено приспособен за живот во африканската савана, каде што жителите биле широко распространети, а живееле во групи од околу 150 луѓе. Интеракцијата била важна за преживување, но и просторот бил клучен.

Истражувачите сметаат дека постои несогласување помеѓу начинот на кој сме еволуирале и брзото темпо на живот што го водиме. Високо интелигентните луѓе се поспособни да се приспособат на модерниот живот и не се толку врзани за еволуциските навики, односно немаат толкава потреба за социјална интеракција.

Извор: DDL
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот