X
 10.12.2015 Наука

Видови на интелигенција според Гарднер... Секој е интелигентен на различен начин

Кога ќе го слушнете зборот „интелигенција“, веројатно веднаш пмислувате на тестирање на нивото на IQ.

Интелигенцијата воглавно се опишува како интелектуален потенцијал, нешто со кое сте родени, што може да се измери и нешто што може да биде променливо. Сепак, психологот Хауард Гарднер, кој во модерната психологија го воведе концептот „Теорија на повеќе видови интелигенција“ вели дека секој човек е интелигентен на различен начин.

Оваа теорија, Гарднер за прв пат ја претставил во неговата книга „Frames of mind: the theory of multiple inteliigences (1983), кадешто покажал дека сите луѓе имаат различни видови на интелигенција. Не постои една, општа. Американскиот психолог издвоил осум и предложил деветта како можна, а интелигенцијата ја дефинира како способност за решавање на проблеми и создавање на производи кои се ценат во една или повеќе културни рамки.

Видови на интелигенција според Гарднер:

1. Визуелно-просторна интелигенција


Овде е јасно нагласена моќта за визуелизација, и поединците кои ја имаат, се истакнува во проучување мапи, графикони, видео снимки и фотографии. Уживаат во читање, пишување, сликањер, цртање, решавање загатки и слично. Сакаат да го набљудуваат светот околу себе и пронаоѓаат занимливости во него, и обично поседуваат изразена имагинација. Иделана професија нив се: архитект, уметник, кореограф.

2. Вербално-лингвистичка интелигенција

Луѓето кои ја поседуваат оваа интелигенција се добри во користење на артикулација и зборови, пишување, усно изразување и имаат одлична меморија. Сакаат да пишуваат приказни, да читаат, да водат дебати, да користат хумор и детално да ги објаснуваат работите. Сите овие доблести се главната сила пред се` за новинарите и писателите, адвокатите, учителите и професорите.

3. Логичко-математичка интелигенција

Одличните вештини за решавање на проблеми и комплексни задачи, уживање во размислувањето за апстрактни идеи, проучување на научни експерименти - овие одлики се најчести кај научниците, математичарите, инженерите, сметкодовителите, економистите, докторите. Омилена забава им се загатките и ребусите. Наместо зборови тие размислуваат за бројки.

4. Телесно-кинетичка интелигенција

Овој вид е изразен кај луѓето кои се чувствуваат удобно во своето тело и го користат за да изразат различни начини. Најчесто ја поседуваат танчерите, атлетичарите и глумците, како и оние кои сакаат да работата со рацете и се занимаваат со активности како што се моделирање, конструирање, поправање. Имаат одлична физичка координација и се склони кон помнење на работи во текот на работата.

5. Музичка интелигенција


Јасно е дека ја поседуваат музичарите, пејачите, композиторите, наставниците по музичко и сите оние кои имаат чувство за ритам и звук. Овие личности уживаат во пеење и свирење, ласно ги препознаваат тоновите и музичките форми, имаат изразено ниво на сфаќање на музичките структури, ритами и ноти.

6. Интерперсонална интелигенција

Карактеристиките поврзани со овој вид на интелигенција се: добро разбирање на другите, комуникација, евалуација на емоции, мотиви, желби и намери на луѓето околу нив. Воглавно професии во кои најмногу се пронаоѓаат се психолози, филозофи, советници, политичари. Имаат одлични комуникативни и невербални вештини, ги набљудуваат ситуациите од различни агли, создаваат позитивни односи со луѓето, добри се во решавање на групни конфликти.

7. Интраперсонална интелигенција


Луѓето кои се интраперсонално интелигентни воглавно се свесни за себеси и за своите доблести и маани - поврзани се со интроспекција и авторефлексија. Често знаат да се повлечени и да поминат време сами, кога се анализираат себеси, околината, теоријата и идеите. Тоа се пред се филозофи, писатели, теоретичари и научници.

8. Натуралистичка интелигенција

Овој вид на најнов додаток на Гарднер вели дека поедниците кои се истакнуваат овде се во склад со природата повеќе од останатите и често се заинтересирани за зачувување и истражување на околината. Свесни се за суптилните промени во своето опкружување. Сакаат да одат во природа, да ја анализираат, да ја набљудувааат, и најчесто се биолози, еколози, градинари, земјоделци.

9. Егзистенцијална интелигенција


Деветтата и според Гарднер можна, но и не загарантиран вид на интелигенција. Ја поседуваат луѓе кои сакаат да размислуваат за филозофски прашања, за смислата на животот и постоењето и затоа што воопшто го прави животот. Овие луѓе често се во филозофските и верските кругови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука