X
 17.05.2019 Образование

Илјадници матуранти и кај нас одиграа кадрил

На плоштадот „Македонија“ околу 1.000 матуранти учествуваа на традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, каде што го одиграа кадрилот. Освен во Скопје, парадата на матуранти се одржа и во Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица и во Валандово.
Организаторот на настанот, Никола Глигоров од Дирекција за култура и уметност, посочи дека е задоволен од овогодинешната организација.



- Задоволен сум што и оваа година, по 13. пат, успеавме да ја одржиме оваа манифестација. Интересот кај матурантите секоја година расте. Веќе стана препознатлива манифестација. Се спроведува во 60-70 града од Југоисточна Европа - наведе Глигоров.



Посочи дека подготовките за „Матурска парада 2019“ се спроведувале во текот на второто полугодие.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, им посака успешен упис на посакуваните факултети на матурантите.
Манифестацијата „Матурска парада 2019“ е поддржана од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во нашата земја првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование