Во минатото Земјата повеќепати била погодена од соларни бури. Соларните бури може да предизвикаат проблеми со електричната мрежа или комуникациите. Поголеми соларни бури може сериозно да ја оштетат електричната и комуникациската инфраструктура.
Американската вселенска агенција НАСА во моментот работи на модел на вештачка интелигенција кој треба да даде предупредување за соларна бура околу 30 минути пред бурата да погоди одреден дел од Земјата. Моделот ја користи брзината на светлината, која патува побрзо отколку материјалот кој го испушта Сонцето за време на соларна бура.
Истражувачите користат податоци од станици на Земјата и сателити за да создадат модел кој ќе го предвиди влијанието на одредена соларна бура врз Земјата.
Тимот воден од Вишал Упендран од Центарот за астрономија и астрофизика во Индија тврди дека алгоритамот на кој се работи може да ги предвиди штетата и насоката на соларната бура за помалку од една секунда.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay