Нова ѕвезда е родена и имаме фотографии да го докажеме тоа!
Ова е објавата на НАСА за „уловувањето“ на моментот кога се родила нова ѕвезда во отсјајна маглина полна со гас и прашина. Погледнете што се случува илјада светлосни години подалеку од нашата планета.
На оваа фотографија телескопот на НАСА го уловил создавањето на нова ѕвезда, објектите Хербиг-Харо, нумерирани од 7 до 11 (ХХ 7- 11). Овие пет објекти, видливи како сини точки на центарот од фотографијата, лежат во отсјајна маглина полна со гас и прашина на околу илјада светлосни години од Земјата.
Светлите магливи делови во близина на новородени ѕвезди, Хербиг-Харо објекти како ХХ 7-11, се краткотраен феномен. Оддалечувајќи се од ѕвездата што ги создала со брзина до околу 150.000 милји на час, тие исчезнуваат во празнината. Младата ѕвезда која е изворот на ХХ 7-11 се нарекува СВС 13 и сите пет објекти се оддалечуваат од неа кон горниот лев дел.
Растојанието меѓу ХХ 7 и СВС 13, како што беше објавено пред неколку дена, е 20.000 пати
поголемо од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.