X
 17.06.2019 Образование

Технолошко-металуршкиот факултет го слави 60. роденден

Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје слави 60 години од своето постоење. Славјето ќе започне утре со промоција на дипломираните инженери и магистри во 11 часот.
Во Амфитеатарот на ТМФ со почеток во 18.30 часот ќе се одржи и свечен Наставно-научен совет. На седницата ќе има доделување на плакети на компании, институции и пензионирани професори.



- Нашата цел е да искажеме благодарност до сите оние кои со своите активности придонеле низ текот на овие 60 години за развој и унапредување на факултетот – велат од ТМФ.

Потоа во 20 часот ќе има модна ревија на студентите од насоката Дизајн и инженеринг на облека. Ревијата има наслов „Декади“.
Во 21 часот на големиот паркинг на ТМФ ќе има средба на генерации на која се поканети сите дипломирани студенти, како и сегашните студенти на Технолошко-металуршкиот факултет. Ќе има забава со музичка програма и коктел.



Следниот ден, на 19 јуни во НУ Македонска Филхармонија со почеток од 20 часот ќе се одржи заедничка Свечена академија на трите факултета - Технолошко-металуршки факултет, Машински и Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование