X
 15.10.2021 Живот

Катедрата за општа и компаративна книжевност бележи 40 години од основањето

„Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“ е насловот на меѓународната научна конференција што ќе се одржува денеска и утре по повод јубилејот - 40 години од основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Основана во учебната 1980/1981 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на оваа катедра изминатите четири децении дипломирале еминентни научници, професори, книжевни, филмски и театарски критичари, издавачи, уредници, новинари, културни дејци, како и некои од носечките имиња на современата македонска литературна сцена. 

На научната конференција ќе бидат изложени четириесетина реферати посветени на развојот на македонската книжевна компаративна наука, на творештвото на Блаже Конески низ компаративни визури, како и на клучните актуелни предизвици на оваа книжевно-научна дисциплина денес. Конференцијата се одржува во рамките на програмата на свечености на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, во која годинава се одбележува јубилејот - 100 години од раѓањето на патронот и 75 години од основањето на факултетот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот