„Панасоник МС-ДС100“ е уред кој ја „напаѓа“ изовалеринската киселина која е природна причина за непријатната миризба на стапалата, а која ја создава една од милионите бактерии што живеат на човечкото тело – Staphylococcus epidermis.
(
Фото: Japan trends / Panasonic)
Непријатната миризба на стапалата настанува кога оваа бактерија стапува во интеракција со аминокиселината позната како леуцин, која се ослободува кога ќе се појави пот на стапалата.
Уредот „
МС-ДС100“ се става во внатрешноста на обувките и ослободува јони кои во „Панасоник“ ги нарекуваат „nanoe X“ или електростатични атомизирани водени честички кои испуштаат 4,8 билиони хидроксил-радикали во секунда, а кои реагираат со хидрогенот (водородот) во честичките кои предизвикуваат непријатна миризба и ги неутрализираат.
Доволно е да се вклучи уредот и да се стави во обувката, по што следува ширење на јоните. Процесот трае пет, односно седум часа за „најупорните миризби“.
Продажбата на овој уред ќе почне во Јапонија на 20 септември, а цената сè уште не е позната.