X
 25.07.2017 Технологија

Возачи, повеќе нема опасност од дремка при возење


Ноќно возење
(Фото: Getty images)

Само сто долари се доволни за побезбедно возење.

Дали би сакале на својата рака да имате белезица што ќе ве разбуди кога ќе ве фати дремка во текот на возењето? Токму таа намена ја има гаџетот што се вика Steer.

На пазарот би требало да се појави во ноември оваа година, а ќе чини 100 долари.

Уредот ќе може да нè „разбуди“ благодарение на 16 сензори што ги поседува, и кои константно го следи бројот на отчукувања на срцето на возачот. Кога ќе детектира забавена работа на срцето, силна вибрација и активирање на жолтото светло, алармира дека е време за пауза од возењето.

Ако бројот на отчукувања на срцето продолжи да опаѓа и покрај предупредувањето, Steer ќе го разбуди возачот со помош на благ електрошок.

Што велите за ваков „совозач“? Дали би си ја набавиле оваа белезица?


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија