X
 29.01.2022 Здравје

Создаден е детектор што открива присуство на коронавирусот во воздухот

Пандемијата ги зголеми предметите што мора да ги земеме со нас кога излегуваме од домот. Наскоро на листата со такви предмети ќе се најде и монитор за ковид-19.

Истражувачи од факултетот за јавно здравје при „Јејл“ создале лесен детектор на коронавирус кој нема кабли и може да се испечати со 3Д-печатач. Овој мал уред го препознава коронавирусот во воздухот околу лицето што го носи.

Уредот првично бил измислен за да препознава други супстанции во воздухот, како загадувачи и пестициди, но сега е пренаменет за коронавирусот. Тој би можел да се користи при одење во ресторани или болници, како и на работното место за да се открие изложеноста на коронавирусот.


Фото: Pixabay

Истражувачите велат дека уредот би можел да биде дополнителна алатка за детектирање на коронавирусот покрај другите методи што се користат денес, како тестовите.

Истражувачите им доделиле примероци од уредот на 62 волонтери кои ги носеле 5 дена. Пет од уредите покажале траги од коронавирусот, од кои четири биле носени од вработени во ресторан, а петтиот бил носен од вработен во центар за бездомници. Се проценува дека цената на овој уред би изнесувала од 5 до 10 долари.

Во моментов уредот се тестира од здравствени работници во повеќе болници, а наскоро може да почне да се користи на масовно ниво.

Извор. Independent
Фото: Yale school of public health
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје