X
 17.09.2021 Живот

Вечерва почнува манифестацијата „КОКИНО – Тврдина на сонцето“

Уникатната мултимедијална културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“ почнува вечерва на локацијата кај истоимената мегалитска опсерваторија и ќе трае до 19 септември. Ова е третото издание на фестивалот, а годинава првпат е организиран со тридневна програма во која ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската сцена.

Меѓу другото, ќе се случат и концертите на: „Љубојна“, Дина Јашари, Тони Китановски, „Фулиш грин“, Драган и Ратко Даутовски, „Перија“, Сашо Гигов Гиш, „Сетстат“, „Летечки пекинезери“, Џенгиз Ибрахим, „Чалгија саунд систем“, „21 Век“, „Тока Шитет“, Јон Ајди, диџејските сетови на Горан Кан, Флудер, Чарли и уште многу други музички изведувачи.

Покрај концертите, програмата вклучува и театарски перформанси, кинопроекции, но и едукативни работилници, видеоинсталации, предавања, туристички прошетки, стрип-изложба, ракотворби...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот