На 76. доделување на наградите „Еми“ јапонската драмска серија „Шогун“ го собори рекордот и влезе во историјата како серија што освои најмногу „Еми“ во една сезона.
Серијата освои четири награди „Еми“, и тоа во категориите: најдобра серија, најдобар главен актер, најдобра главна женска улога и најдобар режисер.
Уште по премиерата на крајот од февруари гледачите и критичарите не го криеја својот ентузијазам за оваа мини-серија која се фокусира на три лика: англискиот морнар Џон Блекторн, кој доживеа бродолом и заврши на брегот на Јапонија, Даими Јоши Торанга, моќен феудален владетел кој има многу непријатели, и Тода Марико, интелигентна и мистериозна благородничка која не може да се одлучи помеѓу нејзината христијанска вера и нејзината лојалност кон Торонага.
- Откако мистериозниот европски брод беше пронајден во блиското рибарско село, владетелот Јоши Торанага открива тајни кои би можеле да да му дадат моќ да ги уништи неговите непријатели - пишува во синопсисот на веб-страницата „IMDb“.
Постои и верзија на серијата од 1980 година која имаше рекордна гледаност на Ен-би-си и освои неколку награди „Еми“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра лимитирана серија.
Серијата има оцена од 91 отсто од критичарите на „Ротен томејтос“, а на „IMDb“ е оценета со 8,6.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube