X
 02.06.2019 Живот

Ниту Денерис ниту Џон Сноу. Кој од актерите во „Игра на троновите“ заработи најмногу?

„Игра на троновите“ е една од најскапите серии во последните години, а неодамна излезе и листа со заработката на актерите. Листата изненади многумина, а покажува дека членовите на семејството Ланистер се најдобро платени.

Најмногу пари заработил актерот Николај Костер Валдау, кој го глумеше Џејми Ланистер - 16 милиони долари. Само милион помалку, 15 милиони долари, заработил Тирион, односно актерот Питер Динклиџ.

Зад нив се Емилија Кларк, односно Денерис Таргариен со заработени 13 милиони долари и Кит Харингтон (Џон Сноу) со заработени 12 милиони долари. Серсеј Ланистер, односно Лена Хиди заработи 9 милиони долари, по 6 милиони долари заработиле Рори Мекен (Сендор Клегејн), Софи Тарнер (Санса Старк), Мејси Вилијамс (Арја Старк) и Натали Дормер (Марџери Тајрел). Ајзак Хемпстед Врајт (Брендон Старк) заработил 4 милиони долари, а Ијан Глен (Џора Мормонт) милион помалку.

Гвендолин Кристи (Бриен Тарт) заработи 3 милиони долари, а милион помалку заработил Конлет Хил (Варис). Алфи Ален (Теон Грејџој) заработил 1 милион долари, исто колку и Натали Емануел (Мисандеј).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот