X
 23.06.2017 Култура

Книги кои Бил Гејтс препорачува да ги прочитате ова лето

Летото официјално почна, а тоа значи дека е време Бил Гејтс да ви препорача некоја книга. Листата во продолжение ќе ви помогне да размислите подлабоко за тоа што значи навистина да се поврзете со другите луѓе и да имате некаква цел во животот.

gejts

„Born a Crime“, Тревор Ноа - „Како долгогодишен фан на „The Daily Show“, го обожавам овој мемоар. Роден од црна јужноафриканска мајка и татко Швајцарец во апартхејдот во Јужна Африка, тој започнал да живее живот како дете од две раси во земја каде врските со мешани раси се забранети. Голем дел од неговата приказна и растењето во Јужна Африка е трагична“.

„Тhe Heart“, Малис де Керангал
- „Книгата може да ја најдете во жанрот фикција, меѓутоа може да се каже дека Кернгал, во обид да ја истражува и анализира тагата, успеа да се доближи до поетиката повеќе од секој. Во основа, таа ја раскажува приказната за трансплантација на срце: млад човек е убиен во несреќа, а неговите родители одлучуваат да го донираат неговото срце“.

„Hillbilly Elegy“, Џ.Д.Венс
- „Обесправениот свет на сиромашните бели Апалакија опишани во оваа прекрасна, духовна книга е нешто прилично неверојатно. Книгата нуди увид во некои од комплексните културни и семејни проблеми позади сиромаштијата, а вистинската магија лежи во самата приказна и храброста на Венс да ја раскаже истата“.

„Homo Deus“, Јувал Ноа Харари - „Провокативно продолжение на претходната книга на Харари, „Sapiens“. Во оваа тој тврди дека принципите што го организирале општеството ќе претрпат огромна промена во 21-от век, со големи последици за животот каков што го знаеме досега. Досега, работите што го обликуваат општеството биле или религиозни правила за тоа како да живееме добар живот, или земни цели како на пример ослободувањето од болести, глад и војна. Каков би бил светот ако ги постигнеме овие работи? Не се согласувам со многу работи што ги кажува Харари, но тој има прилично паметен поглед на она што му претстои на човештвото“.

„A Full Life“, Џими Картер
- „Иако поранешниот претседател има напишано повеќе книги, тој некако успеал да спаси големи анегдоти за оваа брза, кондензирана турнеја низ неговиот фасцинантен живот. Книгата ќе ви помогне да разберете како растењето во рурална Џорџија во куќа без вода, електрична енергија, ниту изолација го формирало неговото време во Белата куќа“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура