X
 17.12.2018 Наука

Во 2011 НАСА го испрати „Џуно“ на Јупитер, а тој ни врати вистински ремек-дела

Во 2011 година НАСА го испрати вселенското летало „Џуно“ на Јупитер. Му беше потребно подолго време да стигне на Јупитер - дури во јули 2016 година. Вселенското летало беше лансирано за научниците да можат да ја проучуваат композицијата и еволуцијата на Јупитер и се возбудени од она што успеале да го пронајдат. Јупитер е петтата планета по оддалеченост од Сонцето и најголемата планета во Сончевиот Систем.

- Генералната тема на нашите откритија е колку различно изгледа Јупитер од она што го очекувавме. Ова е блиска средба со Јупитер. Мислевме дека е релативно досаден, но она што го пронајдовме беше сосема различно - вели Скот Болтон, водечки истражувач на „Џуно“ од Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио.

НАСА вели дека 21 декември ќе го одбележи полувремето на собирањето податоци од главната мисија на „Џуно“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука