X
 17.12.2021 Наука

Вселенско летало откри скриена вода на Марс

Вселенското летало „Егзо Марс трејс гас орбитер“ открило докази за значајно количество вода во кањонскиот систем Маринерски Долини на Марс.

Вселенското летало го управуваат Европската вселенска агенција и Руската вселенска агенција „Роскосмос“. На него има инструмент кој го мапира водородот во горниот слој од површината на Марс.

Според податоците, има необично количество на водород во средишниот дел од Маринерските Долини. Се претпоставува дека до 40 отсто од површината таму може да содржи вода.


Фото: ESA

Истражувачот Игор Митрофанов од Руската академија на науките објаснил дека орбитерот може да „гледа“ под површинскиот слој на планетата и да открие скриена вода.

Маринерските Долини се долги над 3.000 километри. Водата откриена таму може да биде сврзана со минерали, но истражувачите мислат дека поверојатно е таа да биде во облик на мраз. Тоа го отвора прашањето како мразот се зачувал во регион на Марс на кој се претпоставува дека целата вода испарила.

Извор: Cnet
Фото: ЕСА
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука