Европската комисија предложи да се забрани употребата на одреден хигиенски прибор во хотелите низ Европа за да се намали отпадот.
Со предлогот, на хотелите би им било забрането да оставаат шишиња со шампон, лосион и гел за туширање за гостите. Наместо тоа, тие ќе треба да користат поголеми шишиња кои може да се користат повеќепати или гостите ќе мора сами да си носат.
Оваа мерка доаѓа по извештај кој покажува дека секоја земја во ЕУ произведува речиси 180 килограми пластичен отпад на годишно ниво. Извештајот покажува дека 40 отсто од пластиката и 50 отсто од хартијата што се користат во ЕУ се за пакување производи.
Експертите проценуваат дека во иднина ќе се зголеми бројот на пакувани производи, а со тоа ќе се зголеми и отпадот. Новата мерка има цел да го спречи порастот во создавање отпад, како и да ги охрабри жителите да користат пакувања што се користат повеќепати.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay