X
 01.01.2018 Технологија

Најчести грешки што ги правите со батеријата на вашиот Андроид-уред


Смартфон на „Андроид“ ОС
(Фото: Pixabay)


1.    Не проверувате кои апликации најмногу ја трошат батеријата

На сите Андроид-уреди, на опцијата што се однесува на детали за состојбата со батеријата можете да најдете листа со апликации со приказ колку трошат батерија засебно. Доколку забележите дека апликацијата што не ја користите често едноставно ја „јаде“ батеријата, размислете да ја замените со некоја полесна верзија или да ја отстраните од мобилниот телефон.

2.    Не го чистите вашиот „Андроид“

Избришете сè што сте инсталирале некогаш одамна, а не го користите. Еден куп непотребни апликации го задушуваат апаратот, но и ја празнат батеријата. Друга можност е купување на омилените апликации во премиум-верзија. Приказот на огласи исто така дополнително ја троши батеријата.

3.    Рачно ги затворате апликациите


Неодамна е разбиен митот дека рачното затворање на апликациите ја штеди батеријата. Како што признаа и „Гугл“ и „Епл“, со ваков потег може дури и да му наштетите на рокот на траење на батеријата, доколку системот налага повторно покренување на апликацијата.

4.    Не ги чистите непотребните „виџети“ од екранот

Многу апликации за „Андроид“, вклучувајќи ги и оние за социјални мрежи и временска прогноза, доаѓаат со виџети кои се „освежуваат“ во реално време. Меѓутоа, постојаното рестартирање и анимации значително го трошат капацитетот на батеријата.

5.    Го игнорирате авионскиот режим на работа


Со користење на оваа честопати занемарувана опција значително може да заштедите на батерија кога, на пример, е слаб сигналот. Исто така, полнењето на батеријата додека е активиран овој режим на работа ќе заврши многу порано отколку во регуларен мод.

6.    Избегнувате ажурирање


Во секоја нова верзија на апликациите се нудат одредени подобрувања, а некои од нив се однесуваат токму на помало трошење батерија. Избегнувајќи да ажурирате новитети, вие само му правите штета на својот смартфон.

7.    Постојано ви пристигнуваат известувања


Константното информирање за тоа што се случува со секоја апликација поединечно го практикуваат малкумина. Но, колку и да се корисни нотификациите за добиени е-пораки или нови случувања на социјалните мрежи, сигурно на вашиот „Андроид“ имате и такви што не ви се нужни.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија