X
 03.01.2018 Култура

Кој е универзалниот јазик во светот?

jazik

Понекогаш се чини дека може да решиме многу проблеми во светот ако комуницираме подобро. Можеби, ако постоеше некој вид интернационален јазик, нешто како вистинскиот интернационален јазик: есперанто.

Приказната за есперанто започнува уште во 1887 година, во дел од Полска каде што жителите зборувале не еден, не два, не три, туку четири различни јазици. Д-р Лудвик Лајзер Заменхоф сметал дека неговите соседи би се согласувале многу подобро ако имаат заеднички јазик, меѓутоа, бил загрижен дека ако тоа бил веќе постоен јазик, оние луѓе на кои не им бил мајчин јазик би се чувствувале како граѓани од втора класа. Затоа тој одлучил да создаде единствен јазик што ќе биде лесен за читање, зборување, и најважно, лесен за учење.

Ова значи дека за разлика од одредени јазици, есперанто нема повеќе од 15 правила, и ниту едно од овие правила нема исклучок. Понатаму, јазикот е целосно фонетски, што значи дека секоја буква се изговара на ист начин, без разлика на другите букви што ја опкружуваат. Д-р Заменхоф го засновал јазикот на неколку јазици од индоевропското семејство, вклучувајќи ги англискиот, германскиот, францускиот и шпанскиот, а го нарекол есперанто по зборот „надеж“ за да ја означи улогата што сметал дека ќе ја има.

Доколку сакате да научите нешто, „Салутон“ значи здраво (кликнете на зборчето за да го слушнете изговорот), „Гис ла ревидо“ () е чао, и „Уно биерон ми петас“ (https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/29/Eo-unu_bieron_mi_petas.ogg) значи едно пиво, ве молам. Важно е да се запомни дека зборчињата секогаш се изговараат на истиот начин, поради што јазикот е лесен за учење. Според некои процени, потребни се само 150 часа учење, во споредба со 1.500 часа за учење на англискиот и 1.000 за учење на италијанскиот јазик.

Есперанто во реалниот свет

Претпоставуваме дека не познавате ниту една личност што знае да го зборува овој јазик. За жал, визијата на д-р Заменхоф за јазик што ги поминува сите граници никогаш не се реализирала. Причината за ова е можеби тоа што јазикот е многу повеќе од само начин на комуницирање - тоа е и начин за искусување на друга земја, вкусување нова храна и учење за нова култура, нешто што есперанто го нема. Сепак, меѓу измислените јазици, есперанто дефинитивно е најуспешен бидејќи се етаблирал на неколку истакнати начини што ќе ве изненадат.

Во 1966 година Вилијам Шатнер глумел во „Ла Инкубо“, научнофантастичен филм напишан целосно на есперанто. Но тој не бил единствениот уметник од висок профил што работел со јазикот. Лев Толстој зборувал течно есперанто и бил именуван за претседател на есперантското вегетаријанско здружение.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура