Фото: Getty Images
Професионален развој: не е секогаш јасно на што да се фокусирате. Дали треба да почнете да учите кодирање? Дали треба да инвестирате во курс за маркетинг на социјалните медиуми? Или, пак, обука за комуникации? Што е тоа што ќе ви помогне да напредувате во вашата тековна работа или да ве подготви за следното?
Според Светскиот економски форум, одговорот е едноставен.
Форумот неодамна анкетирал 350 извршни директори во 9 индустрии во 15. најголеми светски економии со цел да ја генерира иднината на работните места. Намерата на извештајот била да се предвиди како технолошкиот напредок ќе ги трансформира пазарите на трудот. Со други зборови, како технологијата ќе влијае врз работодавците и што тие ќе сакаат од вработените?
Во свет во кој веќе започнуваат да доминираат роботите, вештачката интелигенција и виртуелната реалност, цврстото разбирање за тоа што работодавците ќе бараат е паметен потег. Интересно е тоа што повеќе од 33 отсто од вештините во продолжение денес не се сметаат за важни од страна на работодавците.
Како и да е, ова се топ-10 вештини на иднината.
10. Когнитивна флексибилност
Ова вклучува креативност, логично размислување и чувствителност за проблемот. Исто така, когнитивната флексибилност значи да бидете способни да ја приспособите комуникацијата врз основа на тоа со кого зборувате.
9. Преговарачки вештини
За нив ќе има особено голема побарувачка за компјутерските и математичките работни места, како што се анализа на податоци и развој на софтвер. Исто така, ќе биде критично во уметноста и дизајнот (вклучувајќи комерцијални и индустриски дизајнери).
8. Сервисна ориентација
Ова е дефинирано како активно барање начини да им се помогне на луѓето. Колку им помагате на оние во вашиот тим, вашите претпоставени и луѓето во вашата индустрија?
7. Пресуда и одлучување
Со оглед на тоа што организациите собираат голем број податоци, ќе има уште поголема потреба за работници кои ќе можат да ги анализираат и користат за да направат интелигентни одлуки.
6. Емоционална интелигенција
Роботите можат да направат многу, но сè уште не можат да читаат на начин на кој можат луѓето. Работодавците ќе стават силен акцент на ангажирање на оние што се свесни за реакциите на другите, како и на нивното влијание врз другите.
5. Координирање со другите
Повторно, ова спаѓа под чадорот на социјални вештини. Тоа вклучува да се биде способен да се соработува, да се приспособува во однос на другите и да се биде чувствителен на потребите на другите.
4. Менаџирање на луѓето
Во извештајот, ова ја вклучува способноста да се мотивираат луѓето, да се развиваат талентите и вештините на вработените и да се изберат најдобрите луѓе за работата. Ова ќе многу барано во медиумската и енергетската индустрија.
3. Креативност
Во 2015 година креативноста се рангира на 10. место на листата. Сега е една од првите вештини што работодавците ќе ги бараат од вработените. Зошто? Бидејќи сме бомбардирани со нови технологии, работодавците сакаат креативни луѓе кои ќе можат да ја применат оваа технологија за нови производи и услуги.
2. Критичко размислување
Со зголемувањето на автоматизацијата, се зголемува потребата за луѓе што ќе ги користат логиката и расудувањето. Ова е така поради тоа што машините мора да бидат етички и оптимално насочени. Работодавците сакаат луѓе со критички ум кои ќе можат да ги оценат употребите или злоупотребите на моќта на технологијата и да ја користат за да ѝ донесат придобивки на компанијата, луѓето во неа и иднината.
1. Комплексно решавање проблеми
Технологијата може да го олесни животот, но исто така може да ги направи работите покомплицирани. Но без човекот, кој ги анализира резултатите од технологијата, ќе завршите со погрешен, дури и опасен резултат.
Порастот на технологијата и
роботите значи дека токму она што ве прави луѓе - вашата подготвеност да го замените колегата чија мајка е болна, вашата желба да им помогнете на двајца радикално различни колеги, вашата искрена благодарност кон менаџерот што ве поддржува - ќе ве направи највредни.